Search

Зошто да одберете осигурување на живот со вложување во инвестициски фондови?

Ова осигурување е единствена комбинација на оси­гурување и вложување во инвестициски фондови, каде можете да изберете умерено и активно вложу­вање, со договарање на дополнителни осигурувања и времетраење на вашиот договор.

Унит Линк е инвестициско осигурување на живот по­врзано со удели во инвестициски фондови кое нуди осигурителна заштита со загарантирана исплата на осигурена сума во случај на смрт која се одредува како договорен процент од премијата и директно уче­ство во инвестицискиот фонд. Вредноста на уделите во фондот е променлива и истата може да се зголеми (што е од корист на осигуреникот) или да се намали (што е ризикот што го презема осигуреникот).

 

Предности на Унит Линк

  • Самостојно го избирате Отворениот инвестици­ски фонд, износот на премијата, период на осигу­рување, динамиката на плаќање, висината на за­гарантираната осигурана сума во случај на смрт и делот што се инвестира во инвестициски едини­ци со можност за остварување поголем приход;
  • Добивате можност за делумен откуп со тоа што догоговорот останува активен;
  • Добивате можност да инвестирате на меѓуна­родниот финансиски пазар, инвестирајќи во најго­лемите светски компании;
  • Добивате помош и совет од инвестициски екс­перти и креирање на сопствен финансиски план;
  • Флексибилност при инвестирање;

 

За кого е наменет Унит Линк?

Унит Линк е наменет за лица на возраст од 18 до 65 години кои можат да склучат договор за осигурување со времетраење од 10 до макси­мум 35 години.

Зашто да склучите Унит Линк ?

Склучувањето на Унит Линк нуди можност за по­стигнување повисоки приноси преку вложување во инвестициски фондови, но обезбедува и за­штита во случај на смрт преку загарантирана осигурена сума што значи заштита на најбли­ските во тешки моменти.

 

Цел на Унит Линк

Овој осигурителен инвестициски производ има за цел остварување на капитална добивка и да обе­збеди заштита во случај на загуба на живот. Целта е да се задржи производот до истек на периодот на осигурување со цел остварување долгорочен раст на капиталот кој се остварува преку инвестирање во согласно со стратегијата на отворениот инве­стициски фонд.

Каде можам да се информирам

подетално за Унит Линк ?

Подетални информации за производот Unit Link и инвестициските фондови, може да пронајдете во Документот за клучни информации, кој има за цел да помогне во разбирање на природата, ризиците, трошоците, можните добивки и загуби од овој про­извод и да помогне да го споредите со други произ­води.

Како сум осигуран(a)?

Во случај на доживување:

По истекот на договорениот период на осигурување Осигурувачот ќе му ја исплати на корисникот на осигурување вредноста на инвестициското портфо­лио која ја има во Инвестицискиот фонд.

Во случај на загуба на живот:

Во случај на загуба на живот на осигуреникот во текот на периодот на осигурување, Осигурувачот ја ис­плаќа загарантираната договорена осигурена сума во случај на загуба на живот  плус вредноста на инве­стициското портфолио.

Facebook
Twitter
LinkedIn