Ова осигурување е единствена комбинација на осигурување и вложување во инвестициски фондови, каде можете да изберете умерено и активно вложување, со договарање на дополнителни осигурувања и времетраење на вашиот договор.
Унит Линк е инвестициско осигурување на живот поврзано со удели во инвестициски фондови кое нуди осигурителна заштита со загарантирана исплата на осигурена сума во случај на смрт која се одредува како договорен процент од премијата и директно учество во инвестицискиот фонд. Вредноста на уделите во фондот е променлива и истата може да се зголеми (што е од корист на осигуреникот) или да се намали (што е ризикот што го презема осигуреникот).
Предности на Унит Линк
- Самостојно го избирате Отворениот инвестициски фонд, износот на премијата, период на осигурување, динамиката на плаќање, висината на загарантираната осигурана сума во случај на смрт и делот што се инвестира во инвестициски единици со можност за остварување поголем приход;
- Добивате можност за делумен откуп со тоа што догоговорот останува активен;
- Добивате можност да инвестирате на меѓународниот финансиски пазар, инвестирајќи во најголемите светски компании;
- Добивате помош и совет од инвестициски експерти и креирање на сопствен финансиски план;
- Флексибилност при инвестирање;
За кого е наменет Унит Линк?
Унит Линк е наменет за лица на возраст од 18 до 65 години кои можат да склучат договор за осигурување со времетраење од 10 до максимум 35 години.
Зашто да склучите Унит Линк ?
Склучувањето на Унит Линк нуди можност за постигнување повисоки приноси преку вложување во инвестициски фондови, но обезбедува и заштита во случај на смрт преку загарантирана осигурена сума што значи заштита на најблиските во тешки моменти.
Цел на Унит Линк
Овој осигурителен инвестициски производ има за цел остварување на капитална добивка и да обезбеди заштита во случај на загуба на живот. Целта е да се задржи производот до истек на периодот на осигурување со цел остварување долгорочен раст на капиталот кој се остварува преку инвестирање во согласно со стратегијата на отворениот инвестициски фонд.
Каде можам да се информирам
подетално за Унит Линк ?
Подетални информации за производот Unit Link и инвестициските фондови, може да пронајдете во Документот за клучни информации, кој има за цел да помогне во разбирање на природата, ризиците, трошоците, можните добивки и загуби од овој производ и да помогне да го споредите со други производи.
Како сум осигуран(a)?
Во случај на доживување:
По истекот на договорениот период на осигурување Осигурувачот ќе му ја исплати на корисникот на осигурување вредноста на инвестициското портфолио која ја има во Инвестицискиот фонд.
Во случај на загуба на живот:
Во случај на загуба на живот на осигуреникот во текот на периодот на осигурување, Осигурувачот ја исплаќа загарантираната договорена осигурена сума во случај на загуба на живот плус вредноста на инвестициското портфолио.