Известување
Почитувани клиенти,
Со цел минимизирање на сите ризици поврзани со епидемијата на COVID-19, UNIQA А.Д СКОПЈЕ презема превентивни мерки во согласност со препораките на надлежните институции а со цел заштита на вработените и клиентите и превенција на натамошното ширење на вирусот.
Со таа цел, од среда, 18/03/2020 година UNIQA АД Скопје и UNIQA ЛАЈФ АД Скопје воведуваат нова можност за пријава на штети, која што ќе им обезбеди на нашите клиенти и вработени поддршка во работењето и заштита на нивното здравје,
Пријава на штета:
Почнувајќи од 23-ти Март па во наредниот период ќе работи со намалени капацитет како што следи: со скратено работно време од 8:00 часот до 16:00 часот.
Доколку имате потреба од пријава на штета во периодот што следи, Ве замолуваме да ги следите долунаведените инструкции:
1. Доставете ја пријавата по електронски пат на нашата адреса: sigalsteti@sigal.com.mk вклучувајќи ја целокупната документација со која што располагате за штетата. Обрасците за пријава на штети се достапни нa следниот линк: https://www.sigal.com.mk/home/03_
2. За штетите на возила по автомобилска одговорност и каско осигурување, за кои што е неопходен увид, можете да се обратите во просториите на UNIQA АД Скопје или да побарате инструкции и информации на следниве контакт информации:
+3892 3288 871; +3892 3288 872; +3892 3288 873, +3892 3288 893
3. Ве молиме, во случај на лична пријава на штета, да се погрижите да ги приложите сите основни документи неопходни за пријава на штета, а секоја дополнителна документација да ни ја доставите по електронски пат, на адресата :sigalsteti@sigal.com.mk при што треба да се повикате на бројот на штетата.
4. За штетите кои произлегуваат по основ на полисите за животно осигурување издадени од UNIQA ЛАЈФ АД Скопје, доставете ја пријавата по електронски пат на нашата адреса : sigallifeinfo@sigal.com.mk .
Обрасците за пријава на штети по основ на полисите за животно осигурување се достапни на следниот линк : https://www.sigal.com.mk/home/03_
Пoлиси за осгигурување:
Доколку имате потреба од полиси за осигурување побарајте го на телефон својот агент или на телефонскиот број +38923288800,
електронска адреса info@sigal.com.mk
За крај, апелираме до нашите клиенти и вработени доследно да ги следат препораките на Министерството за Здравство и Владата, затоа што јавното здравје е заедничка одговорност.
Со почит
UNIQA Осигурување