Search

SIGAL Македонија

За компанијата

Основање и развој на СИГАЛ Иншуренс Груп во Македонија

СИГАЛ Иншуренс Груп е една од водечките осигурителни групации во регионот на Југоисточна Европа, со значајно присуство и на македонскиот пазар на осигурување.

Компанијата започна со работа на Македонскиот осигурителен пазар од 2004 година под називот СИГАЛ АД Скопје, градејќи постепено стабила и доверлива позиција, и благодарение на конкурентните услови, брзата услуга и развиената продажна мрежа, компанијата брзо стекна доверба кај граѓаните и деловниот сектор.

Во 2009 година, компанијата помина низ процес на ребрендирање и го продолжи работењето во партнерство со UNIQA, нудејќи нови производи во неживотното осигурување.

На 26 мај 2011 година, преку UNIQA LIFE, Друштвото ја прошири својата активност и во сегментот на животно осигурување, дополнително зацврстувајќи го своето присуство на осигурителниот пазар.

Со текот на времето, Групацијата го прошири своето портфолио со нови производи, вклучително и специјализирани корпоративни осигурувања, здравствено осигурување и сложени индустриски ризици. Паралелно со тоа, беше развиена широка мрежа на филијали, застапници и брокери низ целата држава, што овозможи поголема достапност до клиентите.

Во 2025 година, Друштвото ја потврди својата финансиска стабилност и сериозност, со што истата успешно помина процес на ребрендирање во рамките на SIGAL Insurance Group.

Денес, СИГАЛ Иншуренс Груп во Македонија претставува стабилна и препознатлива осигурителна компанија, со значајно учество на пазарот и репутација на сигурен партнер за физички лица, компании и институции.

Значаен аспект од успехот на работњето на Друштвото претставува и воведувањето на модерни технологии, дигитализација на процесите и унапредување на услугите за штети, со што се континуирано се подобрува ефикасноста и транспарентноста во работењето. Компанијата континуирано инвестира и во обука на кадарот, следејќи ги најдобрите практики во осигурителната индустрија.

Групацијата SIGAL Insurance Group  покрива околу 1/6 од вкупната вредност на штетите во осигурителната индустрија во регионот и е застапена преку 8 друштва (Друштва за осигурување, Друштва за реосигурување и Друштва за управување со пензиски фондови), 2.500 вработени лица и застапници, 1.200 продажни места и повеќе од 1,5 милиони задоволни клиенти.

СИГАЛ А.Д. Скопје

Назив на субјектот: Друштво за неживотно осигурување

СИГАЛ Иншуренс Груп АД Скопје


Седиште: Бул. Илинден бр. 1, 1000 Скопје, Република Северна Македонија

ЕМБС: 5896100                 ЕДБ: 4030004518463

Дритон Азизи, генерален директор

Надзорен Одбор
Авни Понари, претседател
Алма Тотокоци, член
Арбен Чаволи, член

Управен Одбор
Дритон Азизи, претседател
Борче Богески, член
Емил Кратовалиев, член 

СИГАЛ ЛАЈФ А.Д. Скопје

Назив на субјектот: Друштво за животно осигурување

СИГАЛ ЛАЈФ Иншуренс Груп АД Скопје


Седиште: Бул. Илинден бр. 1, 1000 Скопје, Република Северна Македонија

ЕМБС: 6712339                 ЕДБ: 4080011522414     

Александра Шкемби Антовска, генерален директор

Надзорен Одбор

Авни Понари, претседател
Едвин Хоџај, член
Елвис Понари, член

Управен Одбор
Александра Шкемби Антовска, претседател
Агрон Таири, член
Аднан Емровски, член

Годишни извештаи